14/08/2026
Извештај за Бејби
Пред околу месец дена организиравме добротворна акција за собирање средства за оперирање на Бејби, кутрето со скршеници на двете задни нозе.
Првата одлична вест е што Бејби, нешиот херој, одлично го поднесе опоравувањето и како доказ може да ги видите најновите снимки од тоа како се движи (пробајте да погодите на последното видео кое од кутрињата е Бејби 😁).
Наредната недела ќе оди на контролна рентгенска снимка и после тоа ќе биде спремен за вдомување.
Втората одлична вест е што одзивот за собирање средства беше огромен. Се собраа средства и повеќе од доволно, а истите ќе се искористата за кастрација/стерилизација на братчињата и сестричките на Бејби.
Ви благодариме на сите кои на некој начин помогнавте, бидејќи направивте разлика, не за еден, туку за 5 невини животи.
П.С. Сите кутриња, вклучително и Бејби, континуирано примаат вакцини и третмани против надворешни и внатрешни паразити според стандардниот протокол.
Ви благодариме од сѐ срце! 🍀❤️
#спасзабејби