23/09/2026
ОД СРЕДНОШКОЛЦИТЕ СО СРЦЕ ЗА СКОПЈЕ ЗОО 💚🐾
За првпат, учениците од 22 средни училишта од Град Скопје се обединуваат во една заедничка мисија, со својата креативност и труд да дадат поддршка за животните во ЗОО Скопје.
На 25 и 26 септември, во Зоолошка градина Скопје ќе се одржи посебен Базар, на кој средношколците ќе ги претстават своите ракотворби, креативни изработки и дела што самите ги создале.
Посетителите ќе имаат можност да купат дел од нивните изработки, како поддршка за животните и за подобрување на нивната благосостојба во ЗОО Скопје. 🐘🦁🐒
Ова е повеќе од базар, ова е пример како младите можат да се обединат околу една благородна цел и со своите идеи да направат вистинска промена.
📅 25 и 26 септември
🕛 12:00 – 15:00 часот
📍 ЗОО Скопје
Дојдете да ги поддржиме средношколците, нивната креативност и нивната мисија, со срце за Скопје ЗОО. 💚