22/07/2026
Update: За малите кученца да бидат прифатени од новата мајка, херојски се грижат вработените на ЈП Лајка.
За жал нивната мајка е сеуште во тешка општа состојба и се бори за сопствениот живот. По повторни анализи и дополнителни ехографски и ренген прегледи утврдивме дека мајка има и дијафрагмална хернија. Дијафрагмалната хернија е состојба која дополнително го отежнува нејзиното и без тоа кревко здравје.
---
Три мали срца. Една храбра мајка. ❤️
На улицата, сама, исплашена и тешко повредена, таа го донела на свет своето прво кученце.
Со исчашен колк, дехидрирана, изнемоштена и во силни болки, едвај стоела на нозе. Но, не се откажала. За нејзина среќа после неколку дена страдање добри луѓе не ја подминале и не се откажале.
Кога стигна кај нас, по ехографски преглед сфативме дека породувањето сè уште не е завршено. Со наша помош, на свет дојдоа уште две мали кученца – три мали мускетарчиња кои ја добија својата шанса за живот.
Мајката, за жал, беше премногу исцрпена за да може да ги дои. Нејзиното тело е многу исцрпено за да ги одгледа.
Сега започнува новата борба – за нејзино закрепнување и за растењето на трите малечки кои ќе треба да се хранат со шише, ќе треба многу грижа и уште повеќе љубов.
Луѓето што ја спасија бараат доброволци кои ќе помогнат во одгледувањето на трите мали кученца или некој со мајка доилка.
Мајката по стабилизирање ќе биде однесена во ЈП Лајка за сите останати потребни процедури.
Понекогаш еден момент на нечие невнимание може да уништи еден живот. Но, понекогаш една подадена рака може да спаси четири.