TUTU Pet Wellness and Grooming Center Skopje

TUTU Pet Wellness and Grooming Center Skopje Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from TUTU Pet Wellness and Grooming Center Skopje, Pet groomer, Ulica Ankarska 29, Skopje.

Професионален груминг во Скопје, квалитетно повеќедецениско акумулирано искуство во Париз, Токио и други светски груминг центри за шишање кучиња, мачки, миленици, pet grooming, pet spa, ozone, deep skin cleaning,
✅️✅️✅️ ПРИОРИТЕТ ЗА РЕДОВНИ ТУТУ КЛИЕНТИ

А што ако проблемот не е во миленикот, туку во тоа што никој не нè научил како да се грижиме за него?Голема благодарност...
28/09/2026

А што ако проблемот не е во миленикот, туку во тоа што никој не нè научил како да се грижиме за него?

Голема благодарност до МТВ и до Ani Nikusheva за интервјуто и за интересот за МИЛО.мк.

МИЛО – Едукативен центар за одговорни сопственици е создаден токму поради тоа: да учиме пред да купиме, вдомиме или земеме миленик, но и откако тој веќе е дел од семејството.

Како правилно да се грижиме?
Како да го разбереме неговото однесување?
Што значи правилна нега, исхрана, безбедност и одговорност?
И најважно – како да не учиме преку грешките што можат да имаат последици за животното и негово напуштање како краен акт на НЕодговорно сопствеништво?

МИЛО не е уште едно комерцијално место за „слатки совети за пет родители“.

МИЛО е образование за одговорно сопствеништво.

Затоа пораката е едноставна:

Едуцирај, не реагирај.

🌐 milo.mk

Клик до целото интервју во коментари

🚨 ДЕТЕТО ПРЕСТАНА ДА ГО САКА КУЧЕТО. ШТО СЕГА?Излезе во „Нова Македонија“ најновата колумна на Илија Петковски:„Кога дет...
19/09/2026

🚨 ДЕТЕТО ПРЕСТАНА ДА ГО САКА КУЧЕТО. ШТО СЕГА?

Излезе во „Нова Македонија“ најновата колумна на Илија Петковски:

„Кога детето ќе престане да го „сака“ миленикот“

На почетокот сите се возбудени. Кучето е нов член на семејството, детето е пресреќно, а ветувањата се големи.

Но што се случува по неколку месеци?

Кога ќе дојдат училишните обврски, тренинзите, другарите, симпатиите и новите интереси?

Детето може да престане да го сака миленикот. Но миленикот не престанува да има потреби.

Затоа, пред да му кажете на детето „ќе ти земеме куче“, поставете си едно многу поважно прашање:

👉 „Што ќе правиме ние родителите кога веќе на детето нема да му биде интересно?“

Одговорното сопствеништво започнува пред миленикот да пристигне дома.

📖 Целосниот текст на линк во коментари.

#ИлијаПетковски #одговорносопствеништво #Миленици #новамакедонија

ТАТЈАНА ПЕТКОВСКИУчесник | Skopje Grooming Championship 2027Татјана Петковски е сопственик на TUTU Pet Wellness & Groomi...
17/09/2026

ТАТЈАНА ПЕТКОВСКИ

Учесник | Skopje Grooming Championship 2027

Татјана Петковски е сопственик на TUTU Pet Wellness & Grooming Center, член на Македонската асоцијација на стилисти за миленици и на European Grooming Association (EGA).

По образование е ветеринарен техничар, со диплома стекната пред 25 години. Работата со кучиња за неа е професија, но и страст, талент и начин на релаксација – област во која со години го развива своето знаење и практични вештини.

Како дел од TUTU Grooming Academy, Татјана, своето знаење стекнато во Париз го има споделено со околу 50 грумери од Македонија и Балканот, од кои голем дел денес се успешни професионални грумери.

На шампионатот ќе се натпреварува со мешано, нерасно куче, во согласност со принципот дека секое куче најнапред е миленик. Нејзиниот избор ја истакнува идејата дека професионалната нега, грумингот и одговорното сопствеништво се подеднакво важни за сите кучиња – без разлика на нивната раса или потекло.

Благосостојбата на кучето е пред изгледот.

> 42 000 ПРЕГЛЕДИ НЕ, ВАШЕТО КУЧЕ НЕ МОРА ДА СЕ ПОЗДРАВИ СО ДРУГО КУЧЕ.„Пушти го де, само да се душнат, да се поздрават“...
18/08/2026

> 42 000 ПРЕГЛЕДИ

НЕ, ВАШЕТО КУЧЕ НЕ МОРА ДА СЕ ПОЗДРАВИ СО ДРУГО КУЧЕ.

„Пушти го де, само да се душнат, да се поздрават“ звучи невино, но зошто претпоставуваме дека секое куче што ќе го сретнеме мора да биде „пријател“ ... концепт кој ионака е само човечки ?

Кучињата комуницираат пред сè преку мирис и говор на телото. Душкањето им кажува многу за другото куче — но едно е да му дозволите на кучето да процени кој му доаѓа во пресрет, а сосема друго е да го туркате во контакт само затоа што „така се поздравуваат“. Не секој контакт е пријатен, а наметнатото приближување може да го зголеми стресот и да предизвика конфликт.

Социјализација не значи кучето да „се поздрави“ со сите кучиња по пат, туку да знае како смирено да помине покрај нив без потреба да реагира.

Можеби следниот пат, наместо „ајде да се поздравиме“, едноставно продолжете да шетате.

И оставете го кучето да биде куче.

> 43 000 ПРЕГЛЕДИИзлезе најновата колумна на Илија Петковски во „Нова Македонија“„Нема лоши кучиња, има само лоши луѓе“К...
08/08/2026

> 43 000 ПРЕГЛЕДИ

Излезе најновата колумна на Илија Петковски во „Нова Македонија“

„Нема лоши кучиња, има само лоши луѓе“

Колку пати сме ја слушнале оваа реченица по секој тежок напад од куче?

Во најновата колумна Илија Петковски ги анализира токму ваквите емотивни пароли и заблуди, спротивставувајќи им ги науката, одговорноста и реалното однесување на кучињата.

Зошто кучето не препознава „лош човек“, зошто опасноста не секогаш доаѓа од непознато или бездомно куче и зошто одговорното сопствеништво не значи само љубов и грижа, туку и контрола, социјализација, воспитување и разбирање на ризикот?

Колумната отвора едно непријатно, но важно прашање:

Дали навистина им помагаме на кучињата кога одбиваме да зборуваме за нивните инстинкти, ограничувања и потенцијални ризици?

Науката наместо пароли.
Превенцијата наместо оправдувања.
Одговорноста наместо митови.

Целата колумна прочитајте ја на линкот во коментари.

> 80 000 ПРЕГЛЕДИДоколку инцидентот во ЗОО Скопје е вистинит, ова не е само прашање на индивидуална одговорност, туку и ...
26/06/2026

> 80 000 ПРЕГЛЕДИ

Доколку инцидентот во ЗОО Скопје е вистинит, ова не е само прашање на индивидуална одговорност, туку и на моделот на управување.

Во Франција, најзначајните зоолошки градини се дел од Muséum national d'Histoire naturelle, национална научна институција каде зоолошките се третираат како центри за наука, конзервација и високи безбедносни стандарди.

Можеби е време и кај нас да се отвори сериозна дебата дали ЗОО Скопје треба да остане исклучиво под локална самоуправа или да се интегрира во национален научен систем, поврзан со Природнонаучниот музеј и универзитетите.

Во тој контекст, Граѓанската Асоцијација за промоција на природните науки Otkritie MK од 2024 година воспостави партнерства со француската научна и музејска мрежа, како дел од поширока соработка во областа на природното наследство и едукацијата. Ilija Petkovski уште во 2008 година реализираше проекти со Muséum national d'Histoire naturelle и UNESCO.

Животните не се комунална дејност. Управувањето со нив, како и со слободноживеачките популации на кучиња и мачки, но и заштитата на богатиот македонски див свет, бара систем базиран на наука, биологија и долгорочна стратегија, а не само администрација.

Илија Петковски
Магистер по Екологија и Животна Средина - Сорбона Париз
Ветеринарен техничар
Сопственик на Туту Скопје - Центар за Благосостојба и груминг на Миленици
Претседател на ОТКРИТИЕ - Здружение за Промоција на Природните Науки
Еко-активист и колумнист во Нова Македонија

04/06/2026

ТУТУ – Центар за благосостојба и груминг на миленици

Веќе 8 години ТУТУ е синоним за професионална грижа, благосостојба и врвен груминг на миленици. Како член на European Grooming Association, работиме според европски стандарди и најдобри професионални практики.

Со повеќе од 30.000 успешно реализирани третмани на кучиња и мачки, ТУТУ денес е еден од најголемите и најсовремено опремени центри за благосостојба и груминг во регионот. Нашиот меѓународен тим од искусни грумери е обучуван во Париз и Токио, а во работата користиме органска козметика и современи техники кои го ставаат здравјето, комфорот и безбедноста на миленикот на прво место.

Центарот работи под видеонадзор и со целосно дигитализирани процеси, овозможувајќи сигурност, транспарентност и врвно искуство за сопствениците и нивните миленици.

Повеќе од груминг салон – ТУТУ е центар посветен на благосостојбата на милениците и континуираното унапредување на професионалните стандарди во индустријата.

Во ТУТУ веруваме дека грижата за миленикот не завршува со грумингот. Затоа на сопствениците им нудиме искрени и добронамерни насоки за секојдневна нега, исхрана, однесување и здравствена превенција. Без да навлегуваме во работата на ветеринари, бихевиористи, дресери или други стручни лица, наша цел е да помогнеме во препознавање на потребите на миленикот и да ги упатиме сопствениците кон вистинскиот професионалец, услуга или производ што најдобро одговара на нивната конкретна ситуација. На тој начин придонесуваме за подобра информираност, одговорно сопствеништво и повисока благосостојба на милениците. 🐾 🐾

24/05/2026

Во ТУТУ не ја следиме иднината — ја создаваме.

Како прв ултрамодерен grooming систем од ваков тип на Балканот, ТУТУ воведе целосно дигитализиран и автономен online booking систем, поддржан и со алатки базирани на вештачка интелигенција, со една главна цел: помирно, побезбедно и поквалитетно искуство за Вашиот миленик.

Нашиот online booking е достапен ексклузивно за редовните клиенти кои веќе се дел од ТУТУ системот и им овозможува самостојно, во било кое време, да изберат:
• датум
• термин
• грумер
• и салон

преку groomingskopje.com.

Резервацијата се потврдува веднаш на сајтот и на e-mail, додека еден ден претходно пристигнува SMS потсетување со совети, практични информации и точна локација за посетата да биде што помирна и попријатна — независно дали станува збор за куче или мачка.

Пред двата ТУТУ салони поставени се и дигитални екрани поврзани со online агендата, каде клиентите автоматски се насочуваат кон салонот во кој имаат термин.

Но дигитализацијата кај нас не е само практичност.

Овој систем значително ја намалува потребата грумерите да користат телефони за време на работа, овозможувајќи поголема концентрација, мир и фокус при третманот. Во grooming индустријата и најмалата дистракција може да има сериозни последици, па затоа во ТУТУ континуирано вложуваме во системи кои ги минимизираат тие ризици и ја ставаат благосостојбата и безбедноста на милениците на прво место.

ТУТУ — каде технологијата, организацијата и грижата за животните функционираат како едно.

> 45 000 ПРЕГЛЕДИUPDATE : кучето е одземено и АХВ издаде казни за неодговорно сопствеништво односно нечипирање на милени...
29/01/2026

> 45 000 ПРЕГЛЕДИ

UPDATE : кучето е одземено и АХВ издаде казни за неодговорно сопствеништво односно нечипирање на миленик и нередовна вакцинација. Се надеваме дека мобилизацијата околу овој настан помогна на многу миленици кои свесно или несвесно се злоставувани од оние чија морална, етичка и правна обврска е да ја чуваат нивната благосостојба.

Истотака најважниот сегмент е пораката која ја испраќаме на нашите деца : милост и љубов кон животните.

Рано учење на насилство. Кога мало дете свесно тегне за уво и удира животно, а возрасен тоа го снима наместо да интервенира, детето учи дека е дозволено да се нанесува болка на послаби, особено ако возрасниот не спречува или дури се забавува. Ненасочената емотивна агресија (фрустрација, досада, љубопитност) се канализира во насилен одговор, наместо во емпатија, говор или повлекување. Истражувањата покажуваат дека деца кои сведочат или практикуваат суровост кон животни имаат повисок ризик за надворешни проблеми во однесувањето (агресија, непочитување правила) и потешкотии во емпатија и самоконтрола.

Овој конкретен чин сам по себе не значи дека детето ќе стане насилен возрасен, но е ран сигнал кој бара образовен и воспитен одговор, не нормализација или медиумско споделување.

Родителот што снима, и неговата реакција се подеднакво значајни како и самиот чин. Моделот на „снимање наместо регулирање“ испраќа порака дека однесувањето насилната сцена е„забава“, а не момент за корекција и учење емпатија.
​

Литературата за „the link“ меѓу семејно насилство и насилство кон животни покажува дека токму ваквите обрасци (игнорирање, потсмевање, користење животни како објект за дисциплина или спектакл) се дел од поширока култура на нормализирана агресија во домот.

Малото куче (тип малтезер) реагира со одбрана – гризнува, скока, пробува да се ослободи – што е очекуван одбранбен репертоар кај исплашено или повредено животно. Во неговиот биолошки „код“ постојат и напад и одбрана, и играчките борби кај кучињата често се физички поинтензивни од ова, но во нив има доброволност и реципроцитет; тука не. Најверојатен долготрен ефект не е траума во човечка смисла, туку асоцијативно учење: дете = непредвидлив, заканувачки стимул, што води до растечка претпазливост или превентивна агресија кон деца во иднина. Сцената го асоцијализира кучето кон одредена категорија луѓе (деца), што подоцна се чита како „непредвидливо куче“, и често завршува со казнување токму на жртвата, не на изворот на проблемот. Етолошки гледано, борбата кај кучињата е поврзана со ресурси, простор, страв или јасен конфликт, но тешко дека би личела на човечко „забавно“ мачење без непосредна корист.

Кај човекот оваа сцена демонстрира емотивна агресија без функционална основа – не постои витален ресурс, туку „задоволство“ од доминација и контролирање на послабо суштество. Потребно е да се прави разлика помеѓу развојно типична несмасна интеракција со животни (несигурен граб, грубо галење) и свесно повторувано нанесување болка – второто бара структуриран одговор, не релативизација.

Што би бил стручен, ненасилен одговор: прекин на ситуацијата, смирување на детето и заштита на кучето : „Кога го тегнеш за уво, го боли, како кога тебе те боли.“ Возрасните доследно да покажуваат грижа и нежност кон животните, јасно поставуваат правила („не удри“, „не тегни“) и ги поврзуваат со емоциите на животното.

ПС. фотографијата е креирана со вештачка интелегенција со цел да се предизвика дебата и размислување на темата на заштитата и превенцијата на овие животни, но не и сензационализам

Илија Петковски
Магистер по Екологија и Животна Средина - Сорбона Париз
Сопственик на Туту Скопје - Центар за Благосостојба и груминг на Миленици
Претседател на ОТКРИТИЕ - Здружение за Промоција на Природните Науки
Еко-активист и колумнист во Нова Македонија

#одговорносопствеништво

> 130 000 ПРЕГЛЕДИТрагедијата во селото Костурино, на локалитетот „Шепово“, каде во налетот на надојдените води угинаа н...
27/01/2026

> 130 000 ПРЕГЛЕДИ

Трагедијата во селото Костурино, на локалитетот „Шепово“, каде во налетот на надојдените води угинаа над 100 јагниња и овци, претставува тивка загуба. Овие животни се живи суштества, резултат на долгогодишна селекција, грижа и биолошка инвестиција на сточарите. Од научен аспект, секое угинато младо животно значи загуба на генетски потенцијал, нарушување на репродуктивниот циклус и директен удар врз одржливоста на руралните екосистеми.

Хидролошките анализи покажуваат дека поројните дождови, комбинирани со ерозирани терени, неконтролирани водотеци и недостаток на заштитна инфраструктура, создаваат смртоносни услови за животните кои се најранливи – младите, врзаните и оние без можност за бегство. Во вакви ситуации, животните страдаат тивко, без медиумска слика, но со реална и неповратна последица.

Оваа трагедија мора да биде поента, а не само вест. Заштитата на животните не е емотивен луксуз, туку научно и општествено оправдана потреба. Таа подразбира превентивно планирање: безбедни засолништа за добиток, мапирање на ризични подрачја, рани системи за предупредување и интеграција на ветеринарната и агроеколошката наука во управувањето со кризи.

Загубата во Костурино е трагична, но може да стане лекција. Прашањето не е дали вакви настани ќе се повторат, туку дали ќе бидеме подготвени да ги заштитиме најранливите – и луѓето и животните – со знаење, одговорност и системски пристап.

ПС. фотографијата е креирана со вештачка интелегенција со цел да се предизвика дебата и размислување на темата на заштитата и превенцијата на овие животни, но не и сензационализам

Илија Петковски
Магистер по Екологија и Животна Средина - Сорбона Париз
Сопственик на Туту Скопје - Центар за Благосостојба и груминг на Миленици
Претседател на ОТКРИТИЕ - Здружение за Промоција на Природните Науки
Еко-активист и колумнист во Нова Македонија

#одговорносопствеништво

Address

Ulica Ankarska 29
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 19:00
Tuesday 09:00 - 19:00
Wednesday 09:00 - 19:00
Thursday 09:00 - 19:00
Friday 09:00 - 19:00

Telephone

+38972215271

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when TUTU Pet Wellness and Grooming Center Skopje posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to TUTU Pet Wellness and Grooming Center Skopje:

Shortcuts

Share

Category