30/09/2026
Ве очекуваме вас и вашите миленици на 3-ти октомври во парк Македонија ⭐🐕🤍
🐶❤️ “Не можат да зборуваат, но можат да сакаат” -Сабота, парк Македонија
🐾🐱Со особено задоволство ве поканувам оваа сабота, на 03 октомври, да се собереме во паркот „Македонија“, пред Домот на култура „Билјана Беличанец“, на настан кој го организираме заедно со Јавното претпријатие за благосостојба на животни скитници „Лајка“ - Скопје.
❤️Настанот се организира во пресрет на Светскиот ден на животните, под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“. Подготвивме богата дневна програма која започнува во 11:00 часот.
Просторот во паркот ќе претставува интерактивна зона каде сите присутни ќе можат да добијат стручни совети од ветеринарен лекар за здравствената грижа и исхраната на своите миленици.
🐶Професионални грумери ќе одржат практични демонстрации, консултации и шишање на кучиња, а предвидени се и содржини од пет-шопови, презентации на храна и реквизити.
😊❤️Ова ќе биде и одлична можност сите заинтересирани граѓани на лице место да вдомат бездомни кучиња од стационарот на „Лајка“, давајќи му топол дом и семејство кое ќе го сака.
🎥Програмата ја продолжуваме во вечерните часови. Со почеток во 19:00 часот, на истата локација пред киното „Киноверзум“, организираме кино проекција на отворено на филмот „Приказната за Силјан“, настан на кој слободно можете да дојдете во друштво на вашите миленичиња.
❤️Ве очекувам да поминеме една прекрасна сабота исполнета со дружење, позитивна енергија и грижа за нашите миленичиња!