ЧАКО Љубов за животни

ЧАКО Љубов за животни Хотел и дневен престој каде Вашите миленици ќе уживаат додека Вие сте на работа или одмор.
Закажете навреме 070 30 77 68 или 075 263 973

28/09/2026

Мајмунски работи од високо

12/09/2026
ЧАКО Љубов за животни   најзелениот пансион за нашите најдобри пријатели👀 Ви посакува исполнет ден и викенд💕Нашите игри ...
14/08/2026

ЧАКО Љубов за животни најзелениот пансион за нашите најдобри пријатели👀 Ви посакува исполнет ден и викенд💕
Нашите игри за овој викенд се веќе испланирани. Како Вие ги смисливте овие слободни денови?

#пансионзамиленици #хотелзакучиња #хотелзамиленици #грижазаживотните #безбедноместо

05/08/2026

Ловот често се нарекува спорт, традиција или хоби. А како може да биде спорт нешто во кое едната страна има оружје, а другата само инстинкт за преживување?

Дивите животни не се мети, трофеи или средство за забава. Тие се дел од природата и имаат свое место во неа.

Секоја срна што трча низ шумата, секоја птица што лета по небото и секој зајак што се крие во тревата се борат за истото за што се бориме и ние, за живот.

Не е потребна храброст за да се повлече чкрапалото. Потребни се човечност и сочувство за да се спушти оружјето.

Да го оставиме дивиот свет жив.

03/08/2026

Не знаеме дали животните разбираат што е кафез.
Но, сигурни сме дека знаат што е слобода.

Мајмунот што скока од гранка на гранка, лавот што чекори низ пространата савана, слонот што поминува километри во потрага по вода, сите тие припаѓаат на природата. Не на бетонските ѕидови, не на решетките и не на бучавата од толпата.

Ние доаѓаме, ги гледаме неколку минути, фотографираме и си заминуваме. А тие остануваат таму. Ден по ден. Година по година.

Зад секој кафез стои приказна што ретко ја слушаме. Зад секој поглед се крие копнежот по нешто што никој нема право да го одземе, а тоа е слободата.

Ако навистина ги сакаме животните, тогаш мора да научиме дека љубовта не значи да ги поседуваме, туку да ги почитуваме. Не значи да ги претвориме во атракција, туку да им дозволиме да бидат она што отсекогаш биле: диви, достоинствени и слободни.

27/07/2026

Ве очекуваме во пансионот за кучиња ЧАКО Љубов за животни каде секое пријателче ќе се соочи со сериозна доза на љубов и внимание👀

Хотел и дневен престој каде Вашите миленици ќе уживаат додека Вие сте на работа или одмор.
Закажете навреме 070 30 77 68 или 075 263 973

За крзнените другарчиња што допрва ќе не дружат, малку да се запознаеме👀Нашата банда се состои од 2ца возрасни членови (...
18/07/2026

За крзнените другарчиња што допрва ќе не дружат, малку да се запознаеме👀

Нашата банда се состои од 2ца возрасни членови (ветеринарен техничар и дресер и Ана) и 3 мини човечиња задолжени за многу игра и разни лудории во 2000м2 ограден безбеден простор со многу сенки. Тука се и 3те наши кутриња за кои гостите се огромна радост и кои исто помагаат во игрите и комуникацијата.

Доколу си го поставувате прашањето, зашто да го одберете Чако?
Гостите ги чуваме во домашната куќичка во која живееме, заедно со нас.
Најдобар дел за нашите пријателчиња е што се наоѓаме во природа, на најзеленото место под падините на Скопска Црна Гора што значи многу трчање и бркање, ветре кое гали и разладува, многубројни сенки и овој период, за оние кои не се плашат од ноќта- светулки, ги има толку многу што ви се чини дека небото е послано крај вашите нозе.

Работиме по неколку принципи:
Секое пријателче добива ПЕРСОНАЛИЗИРАН ТРЕТМАН односно, се трудиме да го пресликаме начинот и навиките кои што ги има воспоставено секое гостинче односно, ние се адаптираме на потребите на кучињата како би овозможиле да се чувствуваат како дома.

ОТВОРЕН КОНЦЕПТ
Или, секое пријателче е слободно да избере што сака да прави и каде сака да дремне. Ниту едно кутре не е врзано или затворено и нема ограничувања во просторот (освен, доколку сопственикот сака неговото куче да биде одвоено од останатите што секако го почитуваме🙃)

ПОСТОЈАН НАДЗОР
Ова е многу важно бидејќи следејќи го говорот на телото на животното можеме да процениме дали има тензија и за што, да ја отстраниме причината за тензија и кутрињата да продолжат да се дружат.

Постојана комуникација со сопствениците околу благосостојбата на кутрето, однесувањето со другите животинки, надополнето со слики и видеа.

За се што дополнително Ве интересира или имате прашања, ќе ни биде драго да си поразговараме.🫶
Пансион за кучиња Чако Љубов за животните

Address

Radishani
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ЧАКО Љубов за животни posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share