12/09/2026
Калимерааааа !
Добро бе, добро ....ај добро утро!
Не ме карајте, јас сум само фин, се прилагодувам на средината 🙂
Ете утрово троа си дојдов на себе, одморен од пат, од шетање ( душа ми извадија синоќа- безобразни, усул да се немало), од пливкање во морската шир и длабочина и госпожата е во арните денес 🤣, па да напише нешто.
Па да почнам од почеток.
И годинава ми направија сапрајс....појма немав дека на море ќе ме носат. Последните денови многу ме возеа со кола и тоа Бога ми далечко, во друг град, и јас занесен од тоа возење не сум приметил кога овие двајцава носеле торби, разнесувале, пакувале... Само знам дека ме ставија во кола и тргнавме.
Само што госпожата не седеше со мене, се натопорила напред до газдата, брееееј .... па што...мислите дека ме исплаши ?
Не бе, услуга ми направи ...сам на целоооо задно седиште...па се местев те на една страна, те на друга страна ... дремев, спиев на раат...никој не ме малтретираше да ме слика, да ме гали, да ме тормози и гњави ...милина.
На првата пауза ме симнаа од кола, се протрчав лево- десно , да обележам територија де, тоа е так нормално ...кога гледам познати луѓе околу мене ...чичкото што многу сака да ме гали, ама јас го р'жам ( онака бе, од ќеиф), неговата госпожа која ко бајаги се плаши од мене, а " умира" од желба да ме погали( е на нејзе ќе и дозволам), друг чичко и госпожа кои да признам прв пат ги гледам , ама на први и други поглед ми се бендисаа.Таа госпожа вика дека многу се плашела од кучиња , абе ај ...прво јас сум милениче, второ помал сум од неа....нејсе, ќе ја скротам и неа 🙂. Непознатиот чичко не ме закача, ама милно ми се смешка...а добро е, ќе има разбирачка.
Е после некое време ете уште двајца познати човеци...чичкото што ме вика Блеки, а ја бел ко снег, и неговата госпожа која нежно ми се обраќа со Ооооскаааар 🤣.
Е добро, си реков ...ќе биде забавно кај и да одиме. За кратко време пак застанавме...слушам нешто дог, дог ...застанале двојца суртуци во чудни униформи и му зборат нешто сРански на газдата...гледам тој им го дава мојот пасош ....леле готово, се смрзнав...ќе ме остават, срценцето почна тупа-лупа, тупа- лупа ...па кога сум се разлајал, абе се дерам на цел глас по суртуцине ...замислете се насмевнаа и газдата тргна со колата и почнаа да се смеат заедно со госпожата.
Па добро бе, безобразни едни низаедни, зошто не ми кажавте дека тоа е граница?
Аааа шок голем доживеав, абе ќе им наплатам убаво, само да направам добар план...мме 🤣
Бесот, шокот и лутината ми помина кога водов кај ме донесоа.
Се познато, дворот, чичко Димитрис, тетка Граматула, иста соба, иста тераса, иста плажа ...скоро речи и исто друштво.
Да бе, Лефкада ...моја друга љубАв .
Доста е за денес, идам на плажа сега.
Следете ја следната епизода на Жолтко и Лутко...опсссс, следната епизода на авантурите на Оскар, односно на мене.