23/07/2026
Драги пријатели, ова е нашиот пријател што го викаат Опашко.
Опашко живее во центарот на градот и сите локални граѓани го обожаваат и покрај тоа што ја брани својата територија со лаење, што нас ни предизвика страв дека можеби на Опашко му треба дом, за да биде побезбеден, а не затворен во прифатилиште со пријава. За неговиот карактер ќе научите веднаш штом ќе се пиздравите срдечно и без ништо за возврат ќе ви биде најдобар пријател.
Бараме дом за Опашко, кој знае да се мази, да сака безусловно, да биди верен придружник и во дом и во двор. Неговиот висок раст не е пречка да се двоумите, туку да го вдомите најубавото куче на булевар во Прилеп.
Ве молиме за споделување и поддршка за вдомување, за најубавото куче на булевар.
Се вдомува Опашко со целосна здравствена заштита:
- микрочип
- вакцина против Беснило
- дехелминтизација
- третман притв ектопаразити
Вдоми 💜 Не купувај!