29/09/2026
ВЕТ ШОП
Една од најтажните приказни поврзани со скопската Зоолошка градина е онаа за негувателот Ристе Трајковски и жирафата Флопи.
Ристе цели 12 години се грижел за жирафите, а со Флопи имал особено блиска врска. Таа му приоѓала, јадела од неговата рака и му дозволувала близок контакт. Нивната врска била забележана и од посетителите, а за неа сведочат и фотографиите на фотографот Горан Анастасовски. На 27 ноември 2023 година, Ристе ненадејно починал на 44-годишна возраст. Само неколку часа подоцна стигнала уште една тажна вест – угинала и Флопи.
превземено