02/10/2026
♥️
Денес остваривме средба со претставници на Регионалниот центар „Шепа“ од Кавадарци, јавно претпријатие што обезбедува згрижување и ветеринарна грижа за бездомните животни во Вардарскиот регион.
На средбата се разговараше за продолжување и унапредување на соработката, како и за размена на искуства и добри практики во работата на прифатилиштата. Ваквите средби се важни за поврзување на институциите и организациите што работат на заштита и благосостојба на животните, и за наоѓање начини за заеднички напредок.
Веруваме дека преку континуирана комуникација и соработка можеме да придонесеме за подобра грижа за животните и поодговорен однос кон нив.