Ветеринарна клиника Ветеринар Д.К. - Брвеница

  • Home
  • Macedonia
  • Brvenica
  • Ветеринарна клиника Ветеринар Д.К. - Брвеница

Ветеринарна клиника  Ветеринар Д.К. - Брвеница Ветеринарна клиника
" ВЕТЕРИНАР ДК "
- 044 455 500 -
- 072 311 199 -

🦷 Здравите заби значат и поздраво милениче.Со редовна орална нега можете да го намалите создавањето на забен камен, да с...
15/07/2026

🦷 Здравите заби значат и поздраво милениче.

Со редовна орална нега можете да го намалите создавањето на забен камен, да спречите непријатен здив и да ја зачувате здравата насмевка на вашето милениче. 🐶🐱

📍 BIODENT HEXIDINE е достапен во Pet Shop-от во нашата клиника

Недела е резервирана за одмор… и малку забава. ☕🐾Денес не ве испрашуваме, туку ве предизвикуваме! 😄Колку добро го познав...
12/07/2026

Недела е резервирана за одмор… и малку забава. ☕🐾

Денес не ве испрашуваме, туку ве предизвикуваме! 😄

Колку добро го познавате вашето милениче? Одговорете на прашањата, а потоа проверете дали сте биле во право во caption-от на секој слајд. 👇

Пишете ни во коментар колку точни одговори погодивте! 🐶🐱

Одговор: Не.

Многу сопственици мислат дека топол или сув нос значи дека кучето има температура, но тоа не е точно. Носот може да биде сув по спиење, по сончање или ако престојувало во топла просторија.

Одговор: Не.

Варените коски полесно пукаат на остри парчиња кои можат да ги повредат устата, хранопроводот, желудникот или цревата.

Одговор: Не.

Иако најчесто предат кога се опуштени, мачките можат да предат и кога се исплашени, под стрес или чувствуваат болка.

Одговор: Зависи од миленикот.

Кај кучињата што редовно шетаат по асфалт, ноктите често природно се трошат. Кај постарите, помалку активните или домашните миленици, потребно е редовно кратење.

Одговор: Да.

И кучињата што живеат исклучиво во стан можат да бидат изложени на заразни болести. Вируси и бактерии може да се внесат во домот преку обувки, облека, други луѓе или животни.

📌 Во Македонија, секој сопственик има законска обврска своето куче да го микрочипира и редовно (годишно) да го вакцинира против беснило. Освен што е законска обврска, вакцинацијата е и најдобрата заштита од сериозни и потенцијално животозагрозувачки заболувања.

Одговор: Од 37.5 до 39.2 °C.

Температура над 39,2 °C може да укажува на покачена температура, а над 40 °C е итна состојба и бара ветеринарен преглед.

📌 Температурата најточно се мери ректално.

Одговор: Не секогаш.

Многу возрасни мачки не ја поднесуваат лактозата, па млекото може да предизвика дијареја, повраќање или стомачни тегоби.

📌 Најдобар избор за нив е секогаш свежа вода.

Одговор: Не.

По закон миленикот мора да се вози во транспортер!

Тоа е опасно и за вас и за миленикот. При нагло кочење, дури и мало куче може сериозно да се повреди или да ви го одвлече вниманието додека возите.

📌 Најбезбедно е миленикот да биде обезбеден со сигурносен појас, транспортер или заштитна преграда во возилото.

11/07/2026

☀️ Саботно дружење

⏰ Ве чекаме денеска од 10:00 до 17:00 часот

☎️ Закажување и консултации 072 311 199 или 044 455 500

💌 Или во порака на facebook или instagram

Со вашата омилена Еxclusion, секогаш добивате повеќе! 🤗 Побрзај и земи си вреќа + cooler bag ☀️ па заедно со миленичето ...
10/07/2026

Со вашата омилена Еxclusion, секогаш добивате повеќе! 🤗

Побрзај и земи си вреќа + cooler bag ☀️ па заедно со миленичето сте спремни за ова лето 😎

🤍 Понекогаш најдобриот лек не е во шприцот или таблетата, туку во една нежна прегратка.Затоа, не заборавајте – гушкањето...
09/07/2026

🤍 Понекогаш најдобриот лек не е во шприцот или таблетата, туку во една нежна прегратка.

Затоа, не заборавајте – гушкањето можеби не ја лекува болеста, но многу често ја лекува душата. 🫶🐾

📸 Ако среќата имаше фотографија… ќе изгледаше вака. 😍🐾Пет мали чувари на Бигорскиот манастир. 🤍Додека верно го красат ма...
08/07/2026

📸 Ако среќата имаше фотографија… ќе изгледаше вака. 😍🐾
Пет мали чувари на Бигорскиот манастир. 🤍
Додека верно го красат манастирскиот двор со својата разиграност, денес ние се погриживме да бидат здрави, прегледани и подготвени за сите палавштини што ги чекаат. 🩺🥰

Планирате одмор со вашето куче?Добрата подготовка е половина од безгрижниот одмор 🐾Во овој пост издвоивме што е најважно...
07/07/2026

Планирате одмор со вашето куче?

Добрата подготовка е половина од безгрижниот одмор 🐾

Во овој пост издвоивме што е најважно да понесете со себе и кои производи од нашата ветеринарна аптека ги препорачуваме за секоја ситуација – од заштита од паразити, до нега на кожа и дигестивни проблеми

📌 Зачувајте го овој пост пред да тргнете на пат и споделете го со некој што ова лето патува со своето милениче

📍 Сите препорачани производи можете да ги најдете во аптеката на Ветеринар Д.К.

📞 044 455 500
📱 072 311 199

- Simparica
- Nexgard
- Foresto

- Milprazon
- Drontal
- Dehinel

- ProPlan Fortiflora пробиотик
- Hydropet електролити

- Chlorhexidine спреј
- Flogocid маст/крема

- Paw Protection за заштита на шепи
- Specialist Shampoo - медицински шампон

06/07/2026

Најчестите прашања околу хотелското сместување на милениците – на едно место. 🐾

Услови за прием, правила за престој, секојдневна грижа, безбедност и сè што најчесто ве интересира пред да резервирате престој.

📣 А додека го гледате видеово, некои од нашите гости веќе си го резервираат летниот одмор. 😄 За јули и август останаа уште многу малку слободни места.

За повеќе информации и резервации, контактирајте нè во порака или на телефон

02/07/2026

🐾 Една епрувета крв може да открие многу повеќе отколку што изгледа на прв поглед.

🩸 Биохемиската анализа на крв дава важни информации за функцијата на црниот дроб, бубрезите, панкреасот, нивото на протеини, електролити, гликоза и многу други параметри. Овие резултати ни помагаат да поставиме точна дијагноза и да го избереме најсоодветниот третман.

Зад секој резултат не стојат само бројки, туку важни информации за здравјето на вашиот миленик. 🩺🐶🐱

💬 Дали досега на вашиот миленик му била направена биохемиска анализа на крв?

Ако не - знаеш каде да не најдеш

Во DM 💌
Или на телефон ☎️ 044 455 500 072 311 199

01/07/2026

😳 Никогаш не би погодиле што се криеше во ова уво…

На прв поглед изгледаше како обично воспаление, но внатре имаше цврста топка составена од церумен, влакна, тревки, исушена крв и наслаги што со време се наталожиле.

❗ Болката во ушите никогаш не треба да се игнорира. Тресење на главата, чешање, непријатен мирис, исцедок или чувствителност при допир се знаци дека е време за преглед.

🎥 Гледајте до крај – ќе видите што сè излезе од едно мало уво. 🐾

Address

Suvogorska Br. 9
Brvenica
02

Opening Hours

Monday 07:30 - 19:00
Tuesday 07:30 - 19:00
Wednesday 07:30 - 19:00
Thursday 07:30 - 19:00
Friday 07:30 - 19:00
Saturday 10:00 - 17:00
Sunday 10:00 - 14:00

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Ветеринарна клиника Ветеринар Д.К. - Брвеница posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category