Ветеринарна клиника Animal care clinic

Ветеринарна клиника Animal care clinic Ветеринарна клиника за дијагностика, хирургија, ортопедија, офталмологија и ветеринарна стоматологија Ветеринарни услуги

13/08/2026

Денес на свет донесовме 5 невини души со помош на царски рез.
Многу често доаѓаат и ни кажуваат дека не знаат од кога почна да раѓа и дали е се во ред. Со помош на ултрасонографија ги следиме воталните функции на плодовите односно со помош на pulsed wave и color dopler точно го одредуваме тајмингот за максимална безбедност и на родилаката и на плодовите.
Денот ни е посреќен кога на свет носиме принова 🥰🥰🥰🥰 нека се здрави и живи !!!

08/08/2026

Ургентен траума пациент!!!
Траумата од кола многу често знае да биде со тешки или трајни последици и ако моментално поради шокот животното не покажува сериозни симптоми. 6 месечно бебе- куче донесено на клиника како ургентен пациент кој по пат на тријажа беше констатирано дека му е потребна итна операција.
Пост оперативно е во стабилна состојба, му посакуваме брзо закрепнување 🥰🥰🥰🥰

Траума пациент - ургентен пациент со кој се влегува во сала без разлика на време и место. Четири месечен кокер издавен о...
13/07/2026

Траума пациент - ургентен пациент со кој се влегува во сала без разлика на време и место. Четири месечен кокер издавен од друго куче со тензичен пнеумоторакс дијагноза која доколку не се интервенира ургентно завршува фатално. После стабилизација пациентот е препратен од амбуланта од Охрид за оперативен зафат.
Пациентот постоперативно е во стабилна состојба, кој се надеваме така и ќе остане. Шетањетто на милениците секогаш нека биде на поводник за да немаме вакви немили настани. На пациентор му посакуваме брзо закрепнување.

Кучињата генерално многу малку џвакаат и брзо голтаат, зарадио тоа треба да внимаваме што даваме како храна или награда....
08/07/2026

Кучињата генерално многу малку џвакаат и брзо голтаат, зарадио тоа треба да внимаваме што даваме како храна или награда. Поголеми парчиња храна многу често знаат да направат опструкција односно да заглават во некој дел дел од дигестивниот систем.
Дедо ХУГО, 12 годишно ши-цу мислеше дека ќе може да голтни поголемо парче морлов, но заврши на клиника со опструкција на ждрелото.

Најголема среќа за лекарите на клиника е кога доаѓа живот на овај свет кој започнува токму од кај нас... од просториите ...
04/07/2026

Најголема среќа за лекарите на клиника е кога доаѓа живот на овај свет кој започнува токму од кај нас... од просториите на хируршките сали. 🥰🥰🥰

03/07/2026

Cardiomyopathia restrictiva; Thromboembolismus aorticus felis; - Рестриктивна кардиомиопатија со тромб на бифуркација на аорта.
Секоја трета постара мачка од девет години старост има проблеми со срце иако нема клинички симптоми.
Како последица на слабост на срце е формиран тромб кој направи запушуевање на абоминалната аорта која снабдува крв во задните екстремитети. Најчести симптоми се слабост на екстремитети, или нивна парализа, бледи и студени шепи, видна вознемиреност и вокализација поради преголемата болка, ниска температура, забрзано дишење често со отворена уста. Прогнозата кај овие пациенти е дубиозна и зависи од тоа колку брзо е однесено на клиника, до кој степен е оштетен срцевиот мускул. Време на преживување кај овие пациенти е до 52месеци во зависност од тежината на случајот.

При секоја траума треба пациентот да се однеси за преглед, а при секој сомнеж на ортопедски проблем треба да се направи ...
21/06/2026

При секоја траума треба пациентот да се однеси за преглед, а при секој сомнеж на ортопедски проблем треба да се направи ренген снимки, бидејки некои повреди (скршеници на зглобови, исчашувања на зглобови, физеални фрактури кај млади животни) претставуваат ургентни хируршки состојби и доколку не се оперираат навремено (во првите 72часа од повреда) може да ззавршат со траен инвалидитет.
Хуго млад мачор кој поради удар од кола е донесен како ургентен пациент препратен од друга амбулантаи е дијагностицирана физеална фрактура на дистална бутна коска. За жал е донесен после една недела од повредата, а со тоа хируршкиот зафат стана и покомплексен. Направено е репонирање на коленото и се поставени накрсни "кишнерови игли". Очекуваме целосно опоравување. ❤

17/05/2026

Prolapsus gl. nictitantis (пролапс на солзната жлезда на третиот очен капак - Cherry eye)
Се јавува како последица на лабавост на врските меѓу жлездата и периорбитата. Најчесто се јавува во првите неколку години старост и како примарна причина се генетски фактори. Траума исто така може да биде причина. Предиспонирачки фактори имаат одредени раси (кане корсо, булдог, мопс, шит-цу, бостон териер, бигл, кокер шпаниел, но и кај некои мелези).
Претставува хируршка болест и доколку не се оперира на време може како најтешка компликација да се јави "суво око" - со што пациентот останува со доживотна терапија. Најдобро е да се изврши оперативен зафат непосредно после пролабирањето на жлездата со цел да не настанат никакви последици од болеста. Може да се јави на едно или двете очи.
Дијагнозата се поставува со општ офталмолошки преглед. Пред оперативно се дава топикална терапија (доколку е потребно антибиотик, вештачки солзи со цел припрема за "чисто операципно поле" и после тоа се оперира. Има повеќе оперативни техники на решавање на оваа болест, во овај случај е направена модифицирана "morgan pocket technique". Пост пперативно како кај сите офталмолошки операции така и кај оваа задолжително е носење елизабетански окуловратник.

Денот по утрото се познава!Осум шарпланинчиња со царски рез ни дојдоја на свет ова утро и ни го направија нашиот свет уш...
13/05/2026

Денот по утрото се познава!
Осум шарпланинчиња со царски рез ни дојдоја на свет ова утро и ни го направија нашиот свет уште побогат 🥰🥰🥰🥰

Address

Ulica Kavala Br. 1
Bitola
7000

Opening Hours

Monday 09:00 - 20:00
Tuesday 09:00 - 20:00
Wednesday 09:00 - 20:00
Thursday 09:00 - 20:00
Friday 09:00 - 20:00
Saturday 10:00 - 15:00

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Ветеринарна клиника Animal care clinic posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category