Хачико - Прифатилиште за кучиња Битола

Хачико - Прифатилиште за кучиња Битола Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Хачико - Прифатилиште за кучиња Битола, Animal shelter, Улица Димитар Робев бр. 3, Bitola.

Прифатилиштето Хачико од Битола (во склоп на ЈП Комуналец Битола) работи по принципот ЗАЛОВИ - СТЕРИЛИЗИРАЈ - ВРАТИ.
Кучињата откако ќе го поминат хуманиот третман се враќаат на истата локација од каде биле заловени.

30/09/2026

🐾 БАРАМЕ ДОМ ЗА ДОЛИ БТ 241 🐾
Запознајте ја нашата прекрасна Доли. 🤍
🎀 1,5 година стара
⚖️ 32 кг тешка
📍 Заловена кај црквата Света Недела
🐾 Кротка и мирна по карактер
Доли е млада, прекрасна душичка која заслужува свое семејство и сигурен дом. 🏡❤️
Ако сакате да ѝ ја дадете шансата што ја заслужува, контактирајте нè. 🐾❤️
Доли БТ 241 ве чека! 🤍

🐾💛 Во четврток, 01.10.2026, нашиот едукативен караван продолжува во градинката „Естреjа Овадија Мара“Ќе се дружиме со на...
30/09/2026

🐾💛 Во четврток, 01.10.2026, нашиот едукативен караван продолжува во градинката „Естреjа Овадија Мара“
Ќе се дружиме со над 100 дечиња од големите групи, со кои ќе разговараме за нашите шепасти пријатели, хуманиот однос кон бездомните кучиња и одговорното сопствеништво. 🐶🤍
Голема благодарност до директорката Весна Лозановска за можноста да ги запознаеме најмалите со нашите шепасти пријатели и за поддршката на нашата едукативна мисија. 🌱🐾
Со малите чекори создаваме големи промени! 💛

29/09/2026

„Доколку се донесе новиот Закон за благосостојба на животните, за нечипирано куче веќе нема да биде мерката едукација на сопственикот, туку казна од 2.000 евра“, вели Ололовска Ристевска.

Таа вели дека со новиот закон, значително би се зголемиле казните за мачење животни и напуштање миленик.

Стерилизацијата/кастрацијата на домашните миленици ќе биде задолжителна и би се забранило размножување кучиња, освен за регистрирани одгледувачници што би ги контролирала АХВ, објаснува инспекторката.

Прочитајте повеќе:https://prizma.mk/praksata-zemi-pa-frli-kuche-sozdava-glutnitsi-od-kucinja-po-ulitsite/

🐾 Беатрис БТ 233 – бара дом! 🐾Беатрис е младо женско куче, старо само 9 месеци и тешко 19 кг. 🤍Заловена е во Нова Битола...
29/09/2026

🐾 Беатрис БТ 233 – бара дом! 🐾

Беатрис е младо женско куче, старо само 9 месеци и тешко 19 кг. 🤍
Заловена е во Нова Битола. Не покажува агресија, има темпераментен и хиперактивен карактер и едноставно е полна со енергија. 🐶💕
Беатрис заслужува свој дом, љубов и човек кој ќе ѝ посвети внимание и активност. 🏡🐾
📩 Контактирајте нè доколку сакате да ѝ дадете дом.

Сè поретко ќе најдете коментар дека некој сака да ги вдоми, бидејќи едноставно има толку многу бездомни животни на макед...
28/09/2026

Сè поретко ќе најдете коментар дека некој сака да ги вдоми, бидејќи едноставно има толку многу бездомни животни на македонските улици што е речиси невозможно да најдат свои домови во државава.

Дел од кучињата се вдомуваат и во странство, но дури и со најзасилено темпо на вакво вдомување не би се искоренил непресушниот извор на нови кучиња – неодговорните сопственици.

„Кога ќе ги решиме сопственичките кучиња, ќе ги решиме и бездомните“, децидно тврди Тања Ололовска Ристевска, инспекторка во Агенцијата за храна и ветеринарство.

Прочитајте повеќе: https://prizma.mk/praksata-zemi-pa-frli-kuche-sozdava-glutnitsi-od-kucinja-po-ulitsite/

Нашиот медиумски поддржувач Cultural Chat – благодарност за поддршката и за помагањето нашата мисија и приказните за наш...
28/09/2026

Нашиот медиумски поддржувач Cultural Chat – благодарност за поддршката и за помагањето нашата мисија и приказните за нашите Хачиковци да стигнат до што поголем број луѓе. 🐾🤍

По повод одбележувањето на 2 години од постоењето на Прифатилиште „Хачико“, подготвија голема едукативна…

БАРАМЕ ДОМ ЗА 3  КУЧЕНЦА 🐾3 мали кученца се оставени на ул.Стив Наумов бр.198 🤍Кученцата се на улица и итно им е потребн...
28/09/2026

БАРАМЕ ДОМ ЗА 3 КУЧЕНЦА 🐾
3 мали кученца се оставени на ул.Стив Наумов бр.198 🤍
Кученцата се на улица и итно им е потребна сигурност, грижа и дом. 🏡🐶
🙏 Бараме одговорни луѓе кои ќе отворат дом и срце за некое од овие малечки.
📞 Лице за контакт:Сашо – 078 311 691
Саши е човекот кој во моментов ги храни и се грижи за нив.
Споделете, можеби токму преку вас ќе стигнеме до нивниот човек. 🐾

Агенцијата за храна и ветеринарство оваа година се приклучи на 20-тиот Светски ден на беснило - 28 септември. Овогодинеш...
28/09/2026

Агенцијата за храна и ветеринарство оваа година се приклучи на 20-тиот Светски ден на беснило - 28 септември. Овогодинешното мото „Заедно посилни“ одразува критичен момент во напорите за елиминација на беснило, каде што напредокот сè повеќе зависи од тоа колку добро секторите, дисциплините и заедниците соработуваат. Иако е постигнат значителен напредок, празнините во координацијата и соработката продолжуваат да го ограничуваат влијанието. Оваа тема ја нагласува итноста од зајакнување на партнерствата, подобрување на комуникацијата и усогласување на напорите низ системите за здравје на луѓето и животните.
На секои девет минути, беснилото зема уште една жртва, но смртта може 100% да биде спречена. Кога работиме заедно, можеме да го прошириме пристапот до вакцинација на кучиња што спасува животи, да ги подобриме системите за надзор и пријавување на беснило, да ја зајакнеме јавната свест и образование, да ги поддржиме политиките што ги штитат и луѓето и животните и да изградиме одржливи решенија водени од заедницата.
Агенцијата за храна и ветеринарство континуирано презема активности за контрола и одржување на позитивна епидемиолошка состојба кога е беснилото како болест во прашање. Акцијата на зголемување на бројот на идентификувани и регистрирани, а со тоа и вакцинирани против беснило миленици (кучиња и мачки) е само дел од мерките кои се преземаат,а се основа и за воспоставување на контрола на популацијата бездомни животни. Апелираме до држателите на домашни миленици, кучиња и мачки на одговорно сопствеништво, редовна задолжителна годишна вакцинација на домашните миленици и микрочипирање.
За прв пат по пауза од три години, Агенцијата за храна и ветеринарство во 2025 година започна со кампања за орална вакцинација на лисиците, со цел подобрување на епидемиолошка состојба со болеста беснило во земјава и регионот кај дивата популација. Оваа година кампањата за авионска дистрибуција на 450.000 вакцинални мамки започна на 23 септември и се очекува да заврши до 2 октомври, по што во рок од 15 дена ќе се започне со земање на примероци за проверка на успешноста на вакцинацијата.
Во тек е и кампањата стоп Беснило – пријави и спречи, која има за цел да го зголеми пасивниот надзор на болеста, односно да се провери евентуалното присуство на вирус кај угинати животни кои се приемчиви на беснило. Притоа, упатуваме апел до сите возачи и граѓани доколку забележат угинато животно приемчиво на болеста – лисица или други диви месојади, истото да го пријават на бесплатниот телефонски број 0800 00 210 или во канцелариите на подрачните единици на Агенцијата за храна и ветеринарство.

ИЗГУБЕНО СОПСТВЕНИЧКО  КУЧЕ  СО МИКРОЧИП 🚨Последен пат е видено во Горно ОризариСопственик: Магдалена📞 Телефон за контак...
28/09/2026

ИЗГУБЕНО СОПСТВЕНИЧКО КУЧЕ СО МИКРОЧИП 🚨
Последен пат е видено во Горно Оризари
Сопственик: Магдалена
📞 Телефон за контакт: 075 604 548
Ве молиме, доколку го забележите или имате било каква информација, веднаш јавете се.
Споделете за побрзо да се пронајде и безбедно да се врати дома! 🐾🙏

Address

Улица Димитар Робев бр. 3
Bitola
7000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Хачико - Прифатилиште за кучиња Битола posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category