10/08/2025
Ова не беше само работа – ова беше период исполнет со љубов, нежност и грижа.
Некои од нив ги гледав како растат, како се менуваат, како ми веруваат сè повеќе со секој нов ден… и станавме семејство. Со вас, пак, изградив пријателства кои многу ми значат 🤍
Сега, поради една прекрасна причина ✨, дојде моментот да ставам точка на ова поглавје. Верувајте ми воопшто не ми е лесно да ве одбивам.
Лео секој ден ќе чека на тропањето на врата и малиот хаос што му го разубавуваше денот🥹
Ви благодарам за целата доверба, што ми дозволивте да бидам дел од нивниот свет и што ми подаривте толку спомени кои ќе си ги носам со себе.
Ова не е само крај на една приказна. Ова е едно прекрасно, незаборавно поглавје што го затворам со полно срце. ❤️
Се надевам дека повторно ќе ги видам тие весели опавчиња во парк 🐾